Моханџи Младински клуб

Моханџи Младинскиот клуб е глобална младинска мрежа која постои за да ги поттикне и инспирира другите млади да живеат автентични, позитивни и целно-насочени животи.
Тој е инспириран од работата и учењата на Моханџи „Биди добар. Прави добро.“
Ние служиме како платформа за младите да ги пробијат своите граници. Нашата цел е да ги поттикнеме младите да истражуваат и да го изразат својот потенцијал надвор од ограничувањата на умот.
„Пробијте ги вашите граници!“

Активности

Образовни програми и тренинзи
Семинари, работилници, тренинзи за уникатни вештини (на пр: активирање на средниот мозок)
Самити и состаноци
Работа на личен раст, ширење на свесноста за одржливо живеење
Излети и фестивали
На основа на сочувство и ненасилство, отворање врати за ново знаење, веганска храна и многу забава
Несебичнослужење
Учиме да даваме повеќе отколку што земаме, создавајќи добри луѓе

Награди и интереси

MYC Награди
Овие награди се доделуваат на млади кои се истакнуваат и иновираат во одредени сфери, како што се пишување, глума и снимање на филмови. Овие награди се засноваат на сочувство, добрина и несебичност.
Области на интереси
Образование, социјално влијание, ненасилство, јога, медитација, комуникација, органско земјоделство, рециклирање, исхрана, спорт, екологија, природна козметика, социјални игри, технологија, (духовна) литература, вмрежување, танцување, јазици, лидерство, новинарство, креативно пишување, музика итн.

Сите млади (возраст 14-19 години) се добредојдени да се придружат на постоечките младински клубови и со тоа да се придружат на глобалната заедница слична на семејство

fr_FRFrench