Зошто да волонтираш?

Несебичното дарување на сите суштества, заедницата, животните и птиците, како и служењето на Земјата со став на благодарност е столбот на учењата на Моханџи. Моханџи вели дека волонтирањето нѐ прави комплетни само ако се прави несебично. Волонтирањето треба да стане наш начин на живот, тогаш тоа навистина станува исклучително моќно и воздигнувачко.
Социјалното служење или несебичното дејство од било кој вид ни дава шанса да се откачиме од насобраните задолженија и карми на животот и ни помага да живееме корисен живот.
Моханџи Фондацијата ги зближува луѓето во мисија да го направат овој свет подобро место. Водени од љубов и сочувство, се стремиме да го дадеме најдоброто од себе на секое живо суштество на кое му е потребна помош и поддршка, било да е тоа материјална, емоционална или духовна. Веруваме дека на овој начин придонесуваме за воспоставување хармонија во општеството и во светот.
Секој има нешто да даде. Тоа може да биде вештина (пишување, преведување, графички дизајн, видео уредување), занает (плетење, везење) или нашето време, нашите насмевки и прегратки, или подготвеноста на нашите раце да пакуваме или носиме, итн. Вашето „малку“ може да значи многу за некого! Колку и да изгледаат мали нашите дела, кога ги работиме со чиста намера, нивниот ефект се шири низ целиот универзум.

Верувајте во она што го правите, верувајте во волонтирањето, верувајте во несебичноста, немајте очекувања – тогаш волонтирањето станува ваша сила.

Current Opportunities

MICROSOFT AZURE ADMINISTRATOR
DIGITAL MARKETING SPECIALIST (PODCASTS)
WEB COPY WRITER
UI/ UX DESIGNER

Awards And Interests

 MYC Awards
MYC Awards are given to youngsters excelling and innovating in certain spheres, such as writing, acting, and film-making. These awards are based on compassion, kindness and selflessness.
Areas of Interests
Education, social impact, non-violence, yoga, meditation, communication, organic agriculture, recycling, nutrition, sports, ecology, natural cosmetics, social games, technology, (spiritual) literature, networking, dancing, languages, leadership, journalism, creative writing, music, etc.
fr_FRFrench