Медитација 360 степени
Кога ќе ја преместиме нашата свесност во ‘рбетот и во 360 степени, ништо нема длабоко да не допира. Ништо нема да влијае на нас. Ништо нема да не совладува
Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
Зошто ја практикуваме Медитацијата 360 степени
Кога ќе ја преместиме нашата свесност во ‘рбетот и во 360 степени, влијанието на настаните од нашиот секојдневен живот значително ќе се намали. Ние сме во состојба да одржуваме рамнодушност со длабока благодарност и со свесност дека ништо не се случува случајно. Вежбањето да се одржи таа свесност ни помага лесно и по желба да се префрлиме на тоа ниво, олеснувајќи ја нашата духовна еволуција.
Подолгите паузи во говорното водство за време на оваа медитација се намерни. Нормално е за умот првично да се противи на тишината и да ја наруши медитацијата со непотребно брборење. Обично за време на првата половина од медитацијата има повеќе такви ментални разговори поради чистењето на болните внатрешни впечатоци.
Озбилните, посветени трагачи ќе издржат и потоа ќе уживаат во заслужените, убави придобивки од оваа трансформативна медитација.
Кога ќе ја преместиме нашата свесност во ‘рбетот и во 360 степени, ништо нема длабоко да не допира. Ништо нема да влијае на нас. Ништо нема да не совладува.
Придобивки
Искрена благодарност и смиреност
Зголемена свесност
Интеграција со себеси
Искрена благодарност и смиреност
Поостар фокус и центрираност
Често поставувани прашања
Што е „Свесност во 360 степени“?
Секое човечко суштество функционира во 120 степени од фронтална (предна) свесност, што е доволно само да се функционира во дневниот живот. Но што е со 240 степени позади нас?
Ова е важно – во повисоките, проширени состојби на свесност, свесност во 360 степени е природна. Се додека тоа не се доживее, длабоко во себе остануваме нецелосни. Ние обично не ја користиме оваа проширена свесност бидејќи сме обземени од секојдневниот живот. Затоа е важно да ја задржиме нашата свесноство ‘рбетот.
Ова е важно – во повисоките, проширени состојби на свесност, свесност во 360 степени е природна. Се додека тоа не се доживее, длабоко во себе остануваме нецелосни. Ние обично не ја користиме оваа проширена свесност бидејќи сме обземени од секојдневниот живот. Затоа е важно да ја задржиме нашата свесноство ‘рбетот.
Може ли да лежам за време на медитацијата?
Идеално, треба да се седи со исправен ‘рбет. Ако некој има проблеми со грбот, лежечката положба е во ред доколку останеме во будна состојба.
Сведоштва
„Од сите медитации дадени од Моханџи, најмногу ја сакам медитацијата 360 степени. За мене, таа има посебна привлечност. Таа е многу, многу интензивна вежба која ја има моќта и потенцијалот да го даде највисокото од духовните вежби.“
СмритиАвстралија
„Се чувствувам како да добив нова димензија од моето тело. Ви благодарам за бесценетото искуство!“
MokeГерманија
„Особено после вежбањето на Крија Јога, медитацијата на Моханџи 360 степени има огромен благослов да сведочи за тоа зголемување на концентрацијата и свесноста.“
НелиАнАнглија
Previous
Next
Други медитации
Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатречна стабилност.
Блаженство на тишината е 40-минутна водена медитација која е идеална за секој
духовен аспирант, од зафатен деловен човек па се до тинејџер. Таа прво
ни помага да се опуштиме на ниво на физичкото тело, а потоа бавно потонуваме во тишина.
Цутење на љубовта – ова е 30-минутна водена медитација која ни помага да
развиеме безусловна љубов која кулминира со чувство дека го содржиме целиот универзум
во нас.