Раниот живот

Како што забележала неговата мајка, Моханџи се родил насмеан на 23ти февруари, 1965. Можно е да знаел за избраната цел и стоички да го прифатил животот полн со искушенија и неволји.. Безцелно се шетал од детството до адолесценцијата, а потоа и до раната младост. Иако не повторувал ниту еден клас, не се ни истакнувал исто така. Тој вели, “Не можам да кажам што научив од образованието, бидејќи во поголемиот дел од мојот студентски живот ги преспав часовите и гледав филмови.” Неговиот навидум безгрижен став и некомформистичко размислување биле постојан извор за загриженост кај неговите родители и роднини.
Накратко, мојот живот, како и секој друг, имаше различни фази – впечатливо, истражувачко детство, регуларна збунувачка фаза на младоста во која се обидував да ја разберам мојата цел на Земјата и самопозиционирана зрелост која што ме натера да разберам дека ништо не е во моја контрола и оттука ништо повеќе не беше важно. Единствената суштина од овие фази беше дека се беше привремено; Го имав. Го почувствував. Го напуштив. Мојот најголем предизвик беше да се сместам во општество условено и составено од концепти – од кои се очекуваше да се вклопам и бев затворен од “одобрени и дозволени” граници на изразување, состојба што ја сметав еднаква на смртта.

Црна овца во моето семејство

На прашањето од наставник, “Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш? ” добиен е одговор од петгодишниот Моханџи: “сакам да бидам сам. fСледувал бесен повик до неговите родители, доведувајќи ја во прашање неговата интелегенција со барање да го сместат во училиште за деца со посебни потреби. Дедото на Моханџи од страна на неговата мајка, голем астролог и духовно развиена душа, ја прекорувал неговата вознемерена и загрижена мајка да го остави момчето на мира и претпазливо и рекол: “Запомни ги моите зборови. Еден ден, целото наше семејство ќе биде познато поради него.” Тинејџерот Моханџи еднаш му рекол на својот пријател, “Ние ја креираме нашата судбина и ја нарекуваме карма” на што неговиот пријател помислил дека тој е луд. Додека овие остроумни сознанија му доаѓале природно, тој често се прашувал зошто луѓето се вознемируваат и не успеваат да ја сфатат смислата подлабоко. Со негови зборови,“Јас бев црната овца во моето семејство и пријателите, но потенцијал во широкиот свет на мистерии.”
Во неговите тинејџерски години , Моханџи го истражувал целиот спектар на неговите физички, ментални и интелектуални способности. Секогаш експериментатор, тој ја тестирал неговата физичка издржливост со крикет, планинарење, боречки вештини, бокс, велозипедизам и така натаму, се занимавал со уметност (поезија и драма) и експериментирал со интелектуалните определби , психологија и кино на Новата Ера. По дипломирањето на книжевност, Моханџи градел кариера во шпедитерската индустрија како динамичен лидер со 24 годишно искуство во високото раководство на Блискиот Исток Моханџи се оженил со Сарита во 1992. Ќерката Аму дојде во нивниот живот во ноември 1995. Прекрасно семејство, успешна кариера, финансиска стабилност – животот не можел да биде подобар .
Вистински успех е кога човек успешно се справува со животот, со тоа што е задоволен во секој момент од животот. Ниту еден академски испит не може да ја замени вредноста на вистинското искуство. Да се биде практичен помага. Како и за сите, животот ме научи на многу вредни лекции, кои секако, моето образование никогаш не можеше да ми ги даде.

Точка на пресврт

Неговото патување на лична трансфомација започна со смртта на Аму во трагична сообраќајна несреќа на 23 август 2000. Загубата на неговото единствено дете остави голема празнина во неговиот живот. Моханџи вели, Аму беше боженствена душа. И покрај нејзината возраст, нејзиниот однос со мене беше како на придружник и пријател. Во тие четири години, таа ме научи на многу работи. Прво, таа ми овозможи да го почувствувам татковството. Таа ми даде неизмерна љубов и приврзаност, често дури ме караше и покоруваше како возрасен. Нејзината природа беше да сака. Таа ме направи свесен за можноста од длабока љубов, и покрај сите човечки бариери. Таа го сакаше секое битие. Не е ни чудно што стотици луѓе од различни возрасти дојдоа да изразат сочуство на погребот на ова четири годишно дете! Нејзината ненадејна смрт ме остави целосно празен и уништен. Бевме целосно скршени.”

Изгуби многу за да добиеш нешто

Смртта на Аму предизвика серија на настани со компулсивна судбина. Моханџи се разделил од неговата сопруга Сарита, неговиот имот бил украден, ги загубил приходите, неговите инвестиции биле замрзнати и на крајот ја изгубил и работата. Тој бил буквално заглавен без семејство, пари, имот или работа. Како додаток на неговите невољи, тој прво добил камења во бубрезите, а подоцна и болна инфекција на кожата која била неподнослива во топлата пустинска клима на Блискиот исток. Буквално напуштен од пријателите и семејството, Моханџи доживеал најлошо човечко страдање. И покрај ова, тој одбил да допушти овие настани да го надвладаат, “Едно по едно, Господ ми зеде се за што јас бев приврзан, и цврто ме стави на патот на слободата и ослободувањето. Ние мора да загубиме многу за да добиеме нешто.”
„Моето истражување на моите посуптилни аспекти се интензивираше и се здоби со приоритет од 2000 година. Секој ден помеѓу 3 и 8 часот наутро, се повлекував себеси во ќелија (соба) што самиот ја направив како пештера во мојата куќа, со само една ламба и ништо друго во тој простор. Пламенот на таа ламба беше мојот пат, дестинација за концентрација. Го согорував секој аспект од себеси како масло на таа ламба, исто како што ги изведуваме огнените церемонии. Така, седев во опуштена состојба на целосна безначајност. Со денови и месеци, се концентрирав на согорување на секој аспект од себеси. Нудејќи ги сите мои насобрани материјали како чувства, емоции, болки, таги, концепти, допаѓања, недопаѓања, несигурности, припаѓања, сакања и предрасуди вклучувајќи ги и личните ограничувања во огнот. Како што огнот голташе се повеќе и повеќе, почнав да доживувам празнина ослободена од концепти за потреби да размислувам, зборувам или да реагирам. Слободата и тишината почнаа да се шират. Така на крајот се роди Моханџи – надвор и без ограничувања.”

Внатрешната промена

Звуците се привремени...

Неговата изолација, агонија, болка и страдања на крајот го доведоа во длабоко внатрешно истражување и вистинска потрага по самата смисла и цел на животот. По завршувањето на последните ритуали на Аму, тој веднаш замина на Хималаите кои на крајот станаа негов втор дом. Тој копнееше да го најде мирот на тишината и да се оддалечи од светот на звуците во кој беше вклучен преку врските, бизнисот, општеството и така натаму. Во овој контекст, светот на звуците значи активен ум со активни мисли – извор на сета врева. Хималаите беа добредојдена промена каде што најде утеха во мудроста и безусловната љубов на Учителите и мир и тишина во неговите далечни краишта. Како и да е, кога се вратил од Хималаите, повторно се нашол во светот на звуците. Тој сфатил дека тишината што се наоѓа во мирната осаменост е привремена и дека мора да бара тишина среде вревата. Така завршила неговата непрестајна потрага по тишина на Хималаите.
Оттогаш тој секое утро се поврзувал длабоко во себе за да го почувствува мирот на тишината во вревата – тишината меѓу два вдишувања, тишината меѓу две отчукувања на срцето, тишината меѓу две мисли. Се фокусирал на просторот помеѓу вревата (здив, отчукување на срцето, мисла), отишол таму и ја почувствувал таа тишина. Моханџи објаснува: „Кога звукот ќа заврши, таму е тишината. Звуците се привремени, тишината е трајна. Нашиот фокус одредува што ќе набљудуваме. Обично, се фокусираме само на звуците и ја пропуштаме тишината. Кога се фокусираме на тишината, не ги слушаме звуците. Настанува разделување и тишината постепено се проширува. На крајот, гледаме само тишина, сфаќаме дека тишината е суштината и го живееме тоа цело време.. Тогаш, какви и да е звуци да се случуваат внатре или околу нас, ние сме незасегнати и секогаш сме во длабока состојба на мир и тишина.. Но, не сме навикнати на тишината бидејќи тоа за нас е неприродно. Навикнати сме на светот на звуците кои постојано не влечат назад“. Му требалеа десет години да се стабилизира и да се воспостави во тој свет на тишина и на крајот да стане едно со него.
И покрај сето ова, Моханџи останал интровертен и скромен, лесно достапен и еден од сите. Животот не е без чувство на иронија. Откако се воспоставил себеси во тишината, тој бил повикан од Гуру Мандалата (Учителите на Ттрадицијата) повторно да излезе и да зборува во светот на звуците. Моханџи вели:„Порано, јас бев човек од звуци наречен Мохан, кој се втурна во светот на звуците како друг звук, или за да ја додаде мојата бучава или да го извади од светот на звуците.. Сега, отидов во светот на звуците како тишина. Оттука започна Моханџи и она што јас му го давам на светот е аспект на таа внатрешна тишина“. Во тој празен простор лишен од плевелот и нередот од бучни мисли се здобил со длабок порив да му служи на општеството. Еден светец го инспирирал Моханџи со овие зборови: Олесни го страдањето на децата на Мајката Земја и ќе пронајдеш мир. Како одговор, Моханџи го започна ACT (Ammucare Charitable Trust) во 2003 година како платформа за несебично лужење над сите бариери создадени од човекот, за помош на беспомошните и сиромашните. Тој предвидуваше да создаде една организација само за волонтери без режиски трошоци, членарина или задолжителни плаќања од секаков вид.,
Обичните негодувачи предвидуваа дека тоа нема да успее, Тие прашуваа, “Немате длабоки џепови. Кој ќе ве поддржи? Кој стои позади вас?” Моханџи одговорил: „Никој“. Тие прашаа: „Тогаш, кој е вашиот придонес за Ammucare?“ Моханџи одговорил: „Јас самиот“. Моханџи објаснува: „Јас секогаш давам сè од себеси. Тоа е мојата сила. Јас секогаш се нудам себеси, било да се тоа луѓе, организација, ситуации, иницијативи или светот.” Денес, неговата порака за безусловна љубов и несебична услуга се изразува преку Ammoucare и ACT Фондацијата кои вршат хуманитарна работа на глобално ниво.
Несебичното служењ е е наша одговорност и потпис на нашето усовршување., Таа помага да се исчисти нашиот внатрешен свет. Вистинската благосостојба потекнува од она што можеме да го дадеме на оваа земја, а не од она што го земаме.

Ширење на пораката

Во длабочината на тишината, тој ги добил медитациите Моќта на чистотата и 360 ° о различни периоди. Со медитациите се појавил и Шактипат – трансфер на енергии од повисоки нивоа на свесност кон примателот. Деви Мохан се појави во неговиот прилично мрачен, но надреален живот во 2007 година и беше инструментот што го донесе него во центарот на вниманието. Таа го охрабри Моханџи да го сподели своето внатрешно богатство за светот да може да има корист од неговото знаење.. Моханџи верува дека таа била избрана од Гуру Мандалата за да го извлече од неговата затвореност и да му помогне да го даде знаењето и мудроста што му е дадена од него толку изобилно. Првите медитации започналеа во Дубаи на почетокот на 2007 година, во комбинација со духовни дискусии (Сатсанг) им беа понудени на сите безусловно и без трошоци. Искуствата биле моќни и различни – длабоко прочистување, обраќања со учители и искуства на лични трансформации. Вестите за Моханџи и неговите пораки за лични трансформации се ширеле брзо.
Деви и Моханџи се венчаа во април 2010 година и беа благословени со прекрасна ќерка Мила во април 2011 година. Нивниот брак беше духовен сојуз на две лица споени заедно за поголема цел. На крајот, Моханџи ја напушти својата работа за да го посвети својот живот кон единствената цел – да даде вредност на општеството со цврсто убедување дека светот мора да се подобри заради нашето присуство во него. Следуваат повеќе медитации и техники Медитациите беа преведени на многу јазици и сега се спроведуваат низ целиот свет поединечно и во групи. Денес има стотици илјади луѓе ширум светот кои доживуваат позитивна трансформација од неговото присуство, учења и техники – од познати личности, спортисти, бизнисмени, професионалци, претприемачи, па се до затвореници и оние кои страдаат од лошо ментално здравје. Неговите учења сега се раширија низ целиот свет преку институции регистрирани во повеќе од 15 земји и дополнително со волонтери во преку 30 земји.
Многу современи мајстори му доделиле титули на Моханџи како знак на почит и чест за неговиот духовен раст. Шри Шри Виталананда Сарасвати (Витал Бабаџи) со Раџа Јоги или Раџа Риши, Тијагананда Шарма со Вишва Каљананда Бхарати (оној кој работи за благосостојбата на универзумот), Авадута Надананда со Брахмариши (највисоката класа на риши или мудреци во хиндуизмот) Мудрецот Агастја преку Деви Ама со Џагат-митра (пријател на светот) и потоа Вишва-митра (пријател на универзумот).
Од нив, Моханџи најмногу се поистоветува со Џагат-митра – пријателот на светот. И покрај огромниот раст во текот на овие години, тој сè уште останува едноставен и скромен, останувајќи неврзан со рамки или концепти на општеството, достапен и пристапен за сите оние кои сакаат да живеат слободни и ослободени, давајќи го својот максимум во секоја ситуација и додавајќи му вредност на светот безусловно без очекувања со секој момент од неговото постоење.
hrCroatian