Деви Мохан се сретна со градоначалникот на Сараево

„Навистина ми го разубавивте денот. Се радувам на нашата идна соработка. “ – ова беа зборовите на г-ѓа Бенјамина Кариќ, милата и моќна жена која сега е градоначалничка на Сараево. Запознавањето со неа навистина ни го размрда денот.
Далила Лакомица (во име на Моханџи Босна и Херцеговина), Ивана Жељковиќ (во име на АЦТ Босна и Херцеговина) и јас навистина уживавме во нашето време со г-ѓа Кариќ. Зборувавме за додавање вредност на општеството и да дадеме се од себе за да бидеме извор на љубов во светот. Ретко може да се сретне личност на моќна позиција која е толку инспирирана од несебичноста.
Во еден момент од нашата радосна и убава средба реков: „Ова е почеток на едно убаво пријателство и соработка. Ми причинува голема радост што гледам млада, талентирана и отворена жена како тебе, која јасно може да донесе освежувачка промена и навистина да направи разлика во вашата заедница.“
Следно на нашата агенда беше добротворна иницијатива организирана од нашиот тим на АЦТ Босна и Херцеговина. Посетивме мајка со 6 деца кои живеат во влажна куќа (поради што нејзиното најмало дете има проблеми со белите дробови) чиј сопруг боледува од PTSD и други невролошки проблеми по војната и не е способен за работа. Жена која се справува со целосниот товар од животот… Донесовме повеќе од 65 килограми храна и многу љубов и поддршка. На сопругот му беше понуден Маи-Три методот и тој со задоволство го прифатил.
Се надеваме дека ќе внесеме малку светлина во нивните животи. Средствата искористени за купување на храната беа собрани за време на Свесното танцување во Сараево претходниот ден – енергија на љубов која цвета и се изразува во различни форми…
Пред да го напуштиме Сараево, уживавме во прекрасен вегански ручек во ресторанот „4 Соби на г-ѓа Софија“ во сопственост на нашата неверојатна Далила Лакомица.
Г-дин Сабит Субашиќ, поранешен Амбасадор на Босна и Херцеговина во Индија, ни се придружи на ручекот и прекрасниот разговор. Тој беше навистина заинтересиран за случувањата на Моханџи фондацијата во светот откако последно се сретна со Моханџи пред 3 години. Неговото восхитување и интерес за Моханџи и неговите случувања во светот беа трогателни. Тоа беше прекрасна, радосна и прониклива средба.
Генерално, мојот викенд во Сараево беше навистина магичен и посебна благодарност до драгата Далила која беше толку неверојатен домаќин и неверојатна поддршка. Запознавањето со нашите членови од тимот на Босна беше едноставно неверојатно. Љубовта е нашето најголемо богатство.

Можеби исто така ви се допаѓа

Деви Мохан на Самитот за зајакнување на жените на Кумба Мела 2019 година „Таа е решението: Самитот на благодарноста“

На најголемиот јавен собир во светот и акт на вера – исполнета со благодарност Кумба Мела во Прајаграж (Алахабад), Индија.Домаќин на настанот беа Н.В Пуџја

Прочитај повеќе »
en_USEnglish