Што е Моханџи Свесно пеење?

Интегрирајте неколку практики на јога за да го прочистите вашето внатрешно битие, и да ги подигнете и усогласите расфрланите аспекти од вашиот живот
Моханџи Свесно пеење (МСП) е моќна духовна пракса дизајнирана од Моханџи која може да се практикува како лична пракса или со групи во организирани програми. Тоа е збогатен пристап кон веќе постоечка длабока, древна практика на пеење мантри и Боженствени имиња, и е многу ефикасно да се додаде MCП во секојдневната духовна пракса. Тоа не бара нечие одобрување или иницијација, така што може да го прави секој што сака да ја продлабочи својата духовна пракса, едноставно со учење на техниката и изборот да го направи тоа.
„Кога времето создава немир, тоа го тестира талентот дури и на најдоследниот духовен трагач. Ова е природно. Медитациите и практиките (садана) ќе станат тешки. Од една страна се наѕира облакот од тамас кој постојано те турка „да поспиеш уште малку“, а од друга страна е недостатокот на поддршка од околината. Умот навистина попушта. Многумина се откажуваат. Многумина ќе се разочараат. Многумина го менуваат својот Гуру, претпоставувајќи дека поради нивниот Гуру тие страдаат!!!

Името Господово, звукот, здивот, вибрациите, се помага да се замолчи умот. Пејте го името, контемплирајте на името на вашиот избран Бог или Гуру и спојте се со него, што би било состојба на единство.

Придобивки

MСП интегрира неколку практики на јога (на пример, држење на телото, контрола на здивот, концентрација, итн) во потенцијална комбинанција која резултира во:
Развивање на индивидуалната свест
Го подобрува и забрзува развојот на индивидуалната свесност
Балансирање
Подигнување и рамнотежа
Усогласување
Го прочистува внатрешното битие и ги усогласува инаку расфрланите аспекти на нашата свест

Научи повеќе

Доколку сте заинтересирани да научите како да вклучите MCП во вашата духовна пракса, пишете му на Садана тимот на sadhana@mohanji.org.
If you are interested in learning how to add MCC to your spiritual practice and for any other information, Please visit our webpage.
en_USEnglish