Метод на трансформација на Моханџи

Ако сакате да доживеете целосна трансформација, дозволете му на Моханџи да ве фати за рака и да ве води низ процесот на враќање кон себе.
Методот на трансформација на Моханџи (МТМ) е техника на медитација за кармичко чистење дадена од Моханџи која работи на отстранување на длабоко вкоренети впечатоци од минатото, блокади и уверувања кои повеќе не ни служат, ослободување на потиснатите емоции и отстранување на негативните енергии во различни форми.

Зошто да го практикуваме методот на трансформација на Моханџи?

Бидејќи една третина од нашата карма е од нашите претци, оваа техника вклучува отстранување на товарот од претците, доколку е кармички исправно. Кармата на претците е наследено влијание од мисли, зборови и постапки на нашите претци. Што и да мислеле, кажале или направиле нашите претци, остава влијание овде и сега, на нас. Ако избереме да го игнорираме влијанието од нашите претци врз нас, тоа е како да негираме една третина од нашата животна сила. Затоа е важно исто така да се работи на решавање на овој аспект од нашата карма.

Што вклучува сесијата на методот на трансформација на Моханџи?

Сесијата на МТМ се состои од интервју, во кое клиентот ги споделува своите проблеми (физички, емоционални, ментални или духовни), проследено со вистинскиот метод изведен од далечина од МТМ практичарот, понатаму споделувајќи аудио снимка во која се објаснуваат техниките за клиентот да ги практикува после сесијата.
Со длабоко чистење и практикување на дадените техники, целта е целосна трансформација, водејќи се себеси кон подобар, полесен и посреќен живот. Оваа техника е погодна и за деца и за возрасни.

Контакт

Доколку саката да резервирате МТМ сесија или имате дополнителни прашања, ве молиме слободно да не контактирате на mtm@mohanji.org.
hi_INHindi