Шактипат

Ако дојдеш кај мене со полуполна чаша, само тоа може да ти се даде. Но ако дојдеш кај мене со празна чаша, твојата чаша целосно ќе биде наполнета.
Шактипат е свесно пренесување на духовна енергија од повисоките области на свеста на духовниот Учител. Таа работи на отстранување на длабоките кармички впечатоци на примателите и придонесува на нивно духовно воздигнување, во зависност од нивната приемчивост и подобност.
Накратко, Шактипат е промена на софтверот. Со едно движење, ги согорува насобраните остатоци и ја менува структурата и енергетскиот план, што му помага на поединецот да премине во различни нивоа на свесност многу побрзо од вообичаеното.

Зошто да практикуваме Шактипат?

Шактипат согорува се што е стекнато и насобрано, а не е потребно. Ги раствора физичките, емоционалните, интелектуалните и духовните блокади што самите неможеме да ги отстраниме и би ни требало долго време да ги исчистиме. Секој пат кога се случува Шактипат, се отстрануваат различни блокади.
Преку Шактипат, енергијата Шакти која секогаш е присутна кај луѓето се зајакнува и дозволува да еволуира од најниско до највисоко (врвот на главата), што го согорува сето непотребно ѓубре што некој го собрал, со што се трансформира животот и предизвикува промена на димензиите, промена на свеста.
Ефектите зависат од нечија конституција: некои доживуваат опиплива леснотија, некои одат во тишина и доживуваат многу поголеми нивоа на суптилност, некои губат апетит, додека некои привремено стануваат повеќе гладни. Некои имаат тенденција да спијат повеќе за да ја апсорбираат енергијата што ја стекнале во системот.
Од друга страна, некои луѓе можеби нема да добијат никаков резултат. Зошто? Само празна чаша може да се наполни. Нема што да се полни во веќе полна чаша. Се што ќе истури Учителот едноставно ќе претече и ќе се прелее.
Трансферите на Шактипат обично се прават од врвот на прстот на Учителот до челото и корона чакрата на примателот.

Научи повеќе

Забелешка: Шактипат ја чисти личноста само со чистење на каналите. Тоа не ја буди насилно Кундалини енергијата.
Кундалини енергијата спонтано се движи нагоре по централниот меридијан кога некој е погоден. Не е потребен притисок или вештачка интервенција. Насилното притискање на Кундалини енергијата може да има катастрофални последици ако лицето не е подготвено. Оттука, Шактипат не вклучува никаква манипулација или присила.
Шактипат не треба да се меша со практики на исцелување кои користат свесно насочени Чи или Прана. Само духовниот Учител, кој го усовршил својот ум и е поврзан со Изворот, може ефективно да изврши Шактипат. Шактипат работи подобро кога умот не е активен, поради што претходна подлабока врска со Учителот што го испорачува Шактипатот е многу корисна за да обезбеди приемчивост.
Накратко, Шактипатот го чисти кармичкиот товар и тоа ја трансформира личноста. Оттука, се што е постигнато не се постигнува со правење. Тоа се постигнува преку благодарност и битисување; едноставно да се биде тука, подговтвени сме да примиме и да се трансформираме.
it_ITItalian