Кој е Моханџи

Mohanji describes himself as a friend of the world, as a person trying to raise the awareness of generations from selfishness to selflessness. He has dedicated his life to serving the world with this single purpose – to raise humans to achieve the highest values of human potential such as kindness, compassion and non-violence. Or in other words, make the transition from human-kind to kind humans.
Mohanji firmly believes that humanity is the best religion for humans and the best practice is ahimsa, or non-violence – in thoughts, words or actions towards fellow beings across all species.
In Mohanji’s words, “True wealth comes from what we give to this earth, not from what we take”.
His core teaching is simply “Be You”; accept, understand, recognize and express your uniqueness into the world.

To fulfill his purpose, Mohanji has founded various charities and non-profit organizations that act as platforms for people to express their kindness and compassion through selfless acts that add value to society. These include Mohanji Foundation, Ammucare Charitable Trust, ACT Foundation, Himalayan School of Traditional Yoga, World Consciousness Alliance, Early Birds Club to name a few. Mohanji Foundation is headquartered in Switzerland and today, there are over 17 countries where some or all of these institutions are formally registered while followers are present in over 90 countries.

Јас сум она што сметате дека сум

Ослободувањето е камен-темелник на учењата на Моханџи каде тој ни укажува каде да гледаме, но не и што да видиме. Тој става голем акцент на ослободувањето од врските, концептите и навиките на животот. Тој самиот практично го покажува тоа со тоа што води живот ослободен од врзувањата и условувањата на умот – сосема природен, со целосно прифаќање на животот како што доаѓа без отпор, без оглед на луѓе, време, простор, ситуации или концепти.
“Вистинското мајсторство е владеењето на сопствениот ум“. вели Моханџи, кој тврди дека духовноста се изразува во свеста со која живееме и го доживуваме нашиот секојдневен живот. Тој го застапува патот на беспатието каде што спонтаноста и проточноста се сè што постои; да бидете целосно свои!
Тој верува во романтикување на животот, пристапувајќи кон секоја животна ситуација со вчудовиденоста и љубопитноста на новородено дете кое е без предрасуди и осуди. Тој вели:

Кога го гледаме Бога во секое битие, можеме да имаме само романса во нашите срца затоа што го романтикуваме Бог преку секое битие

Клучни столбови на филозофијата на Моханџи

Тој дава особено значење на чистотата, верата, безусловната љубов и несебичното служење кон ближните од сите видови, како основа и столбови на урамнотежено човечко постоење. Тој ја смета молитвата на благодарност како највисока молитва која го зголемува внатрешното богатство и привлекува и милост и изобилство.
Неговата утринска молитва е: „Ти благодарам што ми дозволи да ти служам уште еден ден во овој свет“, што е проследено со дополнително прашање: „Што уште можам да направам за светот денес?“ Тој ги охрабрува сите да го прават истото и постојано да ја проценуваат вредноста на нивното постоење на земјата според вредноста што ја додале на светот, во рамките на нивниот капацитет и опсег на влијание.

Духовноста е начин на живот

Како семеен човек и поранешен корпоративен професионалец, Моханџи верува дека духовноста е дел од секој аспект од животот, докажувајќи го тоа со неговиот сопствен пример во животот.
Тој ги игра сите улоги во својот живот најдобро што може – одговорен син, љубезен сопруг и татко, поддржувачки пријател, охрабрувачки водич и непоколеблив граѓанин. Во секој аспект, Моханџи ја извршува својата улога до совршенство.
Иако неговиот јавен живот започнал во 2012 година, неговото патешествие било напорно да стигне оттаму до неговото сегашно ниво на глобално препознавање. Никогаш не се плашел да чекори сам и покрај многуте пречки, приговори, предавства и падови на тоа патување. Доаѓајќи од релативна анонимност, тој се издигнал до глобално признание преку неговото служење, љубов и цврсто уверување во хуманоста.
Тој верува дека неговото присуство на земјата се должи на милоста и поддршката на моќната традиција на ослободување и на различните мајстори кои живееле во вечна слобода следејќи ја таа традиција.

Животот треба да е исполнет со достигнувања, но не и со собирање на трофеите во плакарот. Тој треба да е исполнет и со благословите што им ги давате на беспомошните. Него треба да го исполнува и нашата способност да направиме позитивна промена кај друго битие. Вистинските достигнувања не можат да се избројат на прсти, туку можат да се измерат само преку нечиј духовен напредок, нечие ниво на ослободување. Вистинските достигнувања се опипливите моменти кои несебично сме ги живееле. Ова е единственото место каде што сите победуваат. Сите материјални достигнувања за некого се добивка, а за некои загуба.

Глобален отпечаток

Моханџи создаде голем број платформи за да им овозможи на оние кои ќе изберат да се поврзуваат со него да дадат вредност на општеството преку постојани дела на добрина и сочувство. Тој води низ личен пример и постојано е ангажиран во помагање и служење на другите, ставајќи се на располагање за да се заложува за каузите кои го развиваат и подобруваат општеството. Тој има основано најразлични добротворни организации како што се Ammucare, ACT Foundation, Mohanji Foundation, Himalayan School of Traditional Yoga, World Consciousness Alliance, Early Birds Club, и многу други.
Денес, има околу 15 земји каде некои или сите од овие институции се формално регистрирани додека неговите следбеници се присутни во над 80 земји. Тие заеднички работат на поддржување на неговата мисија да им помогне на луѓето да го достигнат својот најголем потенцијал и со тоа да го направат светот подобро место за живеење. Како негов израз на благодарност кон светот, Моханџи ги нуди своите практики и техники бесплатно достапни на светската заедница.
Во согласност со неговиот пат на ахимса (ненасилство), Моханџи цврсто верува дека се потребни практични иницијативи за да се обезбедат алтернативи без суровост за да им се помогне на луѓето да направат свесен избор за да избегнат предизвикување болка и страдање на природата и нејзините суштества. За таа цел, тој ги инспирираше Ahimsa Vegan (вегански синџир ресторани), Vegan First (првиот портал во Индија за вегани, кој беше домаќин на меѓународната веганска конференција во Њу Делхи во 2019 година) и Ahimsa Wear (бренд за веганска облека и облека без суровост), кои се дел од неговите иницијативи за создавање свет без суровост. Како признание за неговата несебична служба за светот, тој е јавно признаен и наградуван од различни организации од целиот свет.

Водејќи низ личен пример

И покрај сите восхитувања, Моханџи секогаш се смета себеси за обична проекција на моќната традиција на ослободување, испратена да ги говори одново истите суштински вистини што мајсторите ги проповедале со векови. Тој ја прави езотеричната и таинствена мудрост на древните мудреци достапна за современата јавност без да ја разблажи нивната важност или длабочина. Неговите учења се едноставни, практични и универзални, и ги опфаќаат сите религии и националности.
Зборува од срце и е оригинален. Тој замислува светол свет кој вибрира со позитивност и сочувство. За таа цел, тој неуморно и одлучно чекори кон храбро промовирање и градење нови платформи.

Награди и признанија

Моханџи го има посветено својот живот на несебична служба за светот. Како признание за сите неговите активности тој има добиено голем број награди и титули кои ги одразуваат неговите достигнувања за мир и за подобрување животот на сите битија во светот.

Храбрите оставаат свој белег. Плашливите умираат анонимни

Иницијативи

nl_NLDutch