Блаженство на тишината – Водена медитација

Влезете во зоната на целосна празнина. Без мисли. Не сте принудени на никаква активност или размислување
Блаженство на тишината е 40-минутна водена медитација која е идеална за секо духовен аспирант, од зафатен деловен човек па се до тинејџер. Таа прво ни помага да се опуштиме на ниво на физичкото тело, а потоа бавно потонуваме во тишина. Ние сме водени да ја прошириме нашата свесност за да го откриеме нашиот вистински идентитет.

Зошто ја практикуваме медитацијата Блаженство на тишината?

Според зборовите на Моханџи, “Преку оваа медитација, Вие влегувате во зона која е целосно празна, каде што нема ништо. Целосна празнина. Без мисли. 

Вие не сте принудени на никаква активност или размислување. Кога белите дробови се многу мирни и тивки, телото станува тивко. Почуствувајте ги Вашите бели дробови и осигурајте се дека сте тивки.
Сè станува тивко и тоа е состојба на мир и блаженство. Нема да Ве интересира што се случува надвор. Што и да се случува надвор, вие чувствувате, “Во ред е, јас сум во мир.“
Можете да одите подлабоко, до зона каде што сте екстремно смирени. Репер за Вашиот напредок во духовноста е тишината. Тишината води до ослободување.

„Влезете во зона на целосна празнина. Без мисли. Вие не сте принудени на никаква активност или размислување.“

Придобивки

Чувствувајте се опуштено
Искусете целосна и длабока релаксација на умот, телото и духот.
Внатрешна тишина
Искусете совршена тишина и внатрешен мир како што навлегувате подлабоко во себе.
Длабока врска со себе си
Поврзете се со себе длабоко и постојано сo секој здив
Зголемете ја свесноста
Постигнете состојба на целосна свесност, а сепак останувајќи неповрзани со умот.
Смиреност во умот
Постигнете чувство на смиреност среде сета врева околу Вас
Поврзете се со принципот на Гуру
Поврзете се со Вашиот ВНАТРЕШЕН Гуру или Водич кој Ве води да го постигнете највисокото

Други Медитации

Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
Цутење на љубовта – ова е 30-минутна водена медитација која ни помага да развиеме безусловна љубов која кулминира со чувство дека го содржиме целиот универзум во нас.
Медитацијата на слобода е 10-минутна водена медитација која обезбедува терапевтска утеха за децата, вклучувајќи ги и оние кои се борат да се справат со анкциозност, аутизам, ADD, ADHD, OCD и така натаму.
es_ESSpanish