Патот на безпатството
„Златниот пат – Патот на целосно распаѓање. Патот на поништување и конечно ослободување!“
Не се грижи за она што го немаш. Радувај се на она што го имаш. Никогаш не се споредувај себеси со друг.
Боженственоста е едноставност. Секогаш храни се со она што го имаш. Секогаш заштитувај ги беспомошните, старите или напуштените со тоа што го имаш. Здогледај ја искрата на Господ во секое суштество.
Немојте со ништо да се расфрлате, било да е со богатство, имоти, моќ, пари, достигнувања, односи, врски, контакти, или дури со духовни моќи (сидхи). Водете едноставен и скромен живот. Останете приземјени и едноставни во изгледот и постоењето. Бидете добронамерни кон се и грижете се за се. Нема ништо што да се докажува на Земјата. Се што заработуваме тука треба да биде потрошено (оставено позади) тука исто така.
Живеј во сегашноста. Делувај во сегашноста. Чувај го времето. Не троши дури ни момент, бидејќи, времето во постоење е одредено, мерено и не се продолжува. Прави го она што се твои моментални задачи – точно сега – никогаш не одложувај и не одолговлекувај.
Не постојат обрзувачки очекувања, вклучително и очекување за одреден резултат за некој си збор или акција.
Секогаш работете вкоренети во ќрбетот. Немојте да се поколебате со минливи емоции.
Целосно ненасилство – во мисла, збор, акција, храна, како и во сите други изрази.
Емоциите, вината и жалењата се јамки што не врзуваат за земјата. Немај ништо со нив.
Љубовта е најубава од сите чувства. Изразувај ја безусловно.
Чистота во мисла, збор и акција. Тоа исто така значи несебичност и рамнодушност кон задоволство и болка. Служи несебично. Без никаква дискриминација, на сите основи.
Работи се со целосна примена, искреност и објективна посветеност. Никогаш не прави нешто без отсуство на умот и со половина срце. Избегнувај ги сите такви акции. Секогаш ќе бидеш искрен кон себеси и животот ќе биде без жалења, без его и целосно исполнет.
Не постои може или неможе. Само живеј несебичен живот. Без пружање отпор, судење или критикување самиот себе или другите.
Почитувај ја и изведувај ја индивидуалната карма како и дарма (должност) кон семејството и дарма кон општеството, со совршена рамнодушност и никакво очекување.
Избегнувај било што што те врзува, без разлика на тоа дали навиката е позитивна или негативна. Ако неможеш да живееш без нешто, тогаш дефинитивно тоа е врзувачко за тебе. Ова може да биде дури и лош чај или одредена личност. Може да биде дури и твојот Гуру. Може да биде и зависност од алкохол или дури и медитација.
Разбери ги сите индивидуи како кармички суштества. Секој ја живее својата карма. Секој шаблон е единствен. Почитувај го.
Никогаш не ги цензурирај твоите мисли. Ти си тоа што си. Прифати се себеси со сите твои сили, слабости или „несовршености“ што мислиш дека ги имаш. Во апсолутна смисла, не постојат несовршености.
Набљудувај. Биди сведок на твоите сопствени мисли, зборови и дела во секое време. Ќе останеш ослободен од сето тоа. Објективното набљудување е ослободувачко. Вклучителноста е обврзувачка. Запомни го тоа секогаш.
Секое живо суштество на Земјата има дефинирана цел. Ниту една креација не е случајна. Почитувај го секое суштество, живо и неживо. Никогаш не вознемирувај или уништувај. Живеј и остави ги другите да живеат.
Гуру Татва
Добредојдовте на патот без пат. Патот на едноставноста. Патот на некомформизам. Патот на растопување. Патот на чистота и недостаток на очекување. Патот на чистота и недостаток на очекување. Добредојдени сте да патувате со мене.