Моханџи фондацијата се претставува на Парламентот на светските религии во 2018 година

Моханџи фондациата има чест да го објави своето учество на Парламентот на светските религии во 2018 година, кој ќе содржи повеќе од 500 програми и настани низ шест главни патеки со очекувана посетеност над 10.000 луѓе од 80 нации и повеќе од 200 уникатни духовни позадини. Моханџи фондацијата е почестена што е дел од платформата која им даде глас на некои од најголемите лидери во историјата на човештвото: Свами Вивеканада, Нелсон Мандела, Далај Лама, Џејн Гудал и многу други.
Од својата тема во 2018 година, Парламентот на светските религии црпи од движењата на добра волја и меѓукултурна почит што се отелотворени во духот на меѓуверското движење: „Ветувањето за вклучување, моќта на љубовта: стремење за глобално разбирање, помирување и промена.“
Деви Мохан, првиот ученик, ачарја и сопруга на Брахмариши Моханџи, ќе се претстави во име на Моханџи фондацијата на Парламентот на светските религии во 2018 година. Таа ќе биде дел од панел дискусијата „Меѓуверски мировни перспективи од целиот свет“. Заедно со другите еминентни светски миротворци, Деви ќе се состане на оваа важна панел дискусија за да ја истакне важноста на меѓуверското миротворство преку примери. Сесијата за прашања и одговори ќе следи по панел презентациите и модерираната дискусија. Научените лекции од овој панел ќе се споделат ширум светот.
Детали за сесијата на панел дискусијата:
Датум: 2 ноември 2018 година
Време: 14:45 – 15:45 EDT
Сесијата ќе се емитува живо на Facebook официјалната страна на Моханџи.
За оние кои се заинтересирани да го посетат лично, ве молиме погледнете ги деталите за настанот подолу:
Датуми: од 1 ноември до 7 ноември 2018 година
Адреса: Конгресен центар Метро Торонто (MTCC) лоциран на бул.Бремнер бр.222, Торонто, ON M5V 3L9, Канада
За Парламентот на светските религии:
Парламентот на светските религии е најстариот, најразновиден и инклузивен глобален меѓурелигиски настан создаден за да ја негува хармонијата меѓу религиозните и духовните заедници во светот и да го поттикне нивниот ангажман со светот и неговите водечки институции со цел да се постигне праведен, мирен и одржлив свет. Првпат одржан во Чикаго во 1983 година, Парламентот на светските религии ги обединува светските верски и духовни заедници, нивните водачи и нивните следбеници на собир на кој се дискутира и истражува мирот, различноста и одржливоста во контекст на меѓурелигиско разбирање и соработка.
Забелешка: Брахмариши Моханџи нема да биде присутен на овој настан

Можеби исто така ви се допаѓа

Деви Мохан на Самитот за зајакнување на жените на Кумба Мела 2019 година „Таа е решението: Самитот на благодарноста“

На најголемиот јавен собир во светот и акт на вера – исполнета со благодарност Кумба Мела во Прајаграж (Алахабад), Индија.Домаќин на настанот беа Н.В Пуџја

Прочитај повеќе »

Деви Мохан, Глобалниот Амбасадор на Моханџи фондацијата се сретна со српскиот Амбасадор во Доха

Деви Мохан, Глобален Амбасадор на Моханџи фондацијата, се сретна со Н.Е. г-дин Јасминко Поздарец, српски амбасадор во Катар на 13 ноември 2019 година. Непосредно пред

Прочитај повеќе »
fa_IRPersian