Патот на безпатството

Таинствениот пат на духовноста е пат кон нематеријалното. Човечките суштества се навикнати на опипливото. Од опипливо до неопипливо и од знаење до непознато, патот е прилично предавнички и често со кривини. Можни се многу обиди и грешки. Многу паѓања и кревања. Упорноста и убедувањето, заедно со волјата да преживееме наспроти сите изгледи ќе не оддржуваат напред. Тоа е долг и кривулест пат сам по себе.
И пак, оние кои оделе пред нас секогаш доаѓаат да помогнат. Повеќето луѓе повеќе би сакале да се држат за своите фобии, стравови, вознемирености и его и да одат по познатиот пат на сигурност на кој се навикнати, наместо да чекорат по секогаш неизвесниот пат. Тие претпочитаат духовност во комфорната зона каде што може да изберат што им се допаѓа и да го отфрлат непријатното.

„Златниот пат – Патот на целосно распаѓање. Патот на поништување и конечно ослободување!“

Ослободувањето е пат на безпатство. Ослободувањето е состојба. Под ослободување подразбираме спојување назад кон првобитната форма на светло и сјај до врховното не-манифестирање. Ослободувањето е процес. Заплеткувањето е лесно. Не треба размислување. Тоа се случува само по себе. За да останете ослободени потребна е исклучителна свесност, претпазливост и рамнодушност во однос на болката и задоволството, што вклучува физички и ментални болести. Се што е вообичаено не врзува бидејки умот лесно се храни со тоа. Секој ритуал е обврзувачки. Секоја навика е обрзувачка. Секоја врска, со соодветно очекување е исто така обврзувачка. Клучот е да се живее притоа останувајќи одвоен или неврзан. Ова значи совршено сведочење во сите три состојби – будност, сон и состојба на длабок сон. Одвојувањето не е одбивност. Исто така, тоа не е слаб учинок или бегање од вистината. Тоа е совршена акција со 100% примена без приврзаност кон резултатите од акцијата.
Патот никогаш никого не врзува за ниеден систем и на секого му овозможува слободен избор. Најмногу се почитува личната слобода. На човек му е дозволено да доживее. Никој не суди. Никој не критикува. Се почитува индивидуалната карма. Секој е прифатен онаков како што е, затоа што нивната слободна волја е недопрена. Ова е вистинскиот пат. На овој пат, Гуру, нашата душа и Бог се едно исто. Нашата душа е нашиот примарен Гуру. Надворешниот Гуру е само експонент на вечниот принцип наречен Гуру. На патот на ослободувањето, порано или подоцна, сликата, името и формата мора да се поништат и принципот на Гуру треба да свети светло. Значи, каква и да е слика за која се држиме, за нашиот непосреден напредок, како нашиот одделенски наставник, ќе исчезне и ќе биде заменета со друга и друга, се до завршувањето на нашето патување. Патот на ослободувањето е секогаш пат на уништување. Се, вклучувајќи го и нашето тело, ум и интелект мора да исчезне и да се распадне, порано или подоцна.
Живеејќи ги учењата и следејќи ги едноставните доблести на верата, чистотата во мислите, зборовите и постапките и ненасилството, може да се оди по Златниот пат. Ова не е прилагодено за некоја специфична религија или националност и е универзално по природа. Апсолутно секој што избира да ги применува учењата, без разлика не нивната возраст, пол, земја, култура, боја, вера, заедница, религии, јазици или систем на верување е добредојден. Тоа е нивен избор. Никого не покануваме ниту одбиваме.

Гуру Татва

Гуруто (отстранувач на темнина) не е личност, туку татва (принцип) што останува во нас и е едно со нас. Се што ни треба е јасна цел и желба да одиме кон таа цел. Гуруто, принципот, тогаш ќе ни помогне и ќе не води. Принципот на Гуру е надвор од телото. Тоа може да биде предмет, порака или мисла, па дури и телепатска комуникација или средба. Гуруто се појавува кога ученикот ги исполнува заветите. Гуруто се случува кога ученикот е подготвен за знаење.
Кога ќе се појават прашања, порано или подоцна, одговорите се појавуваат. Кога прашањата ја блокираат нашата природна еволуција, информациите или советите се појавуваат преку некој. Кога најмногу ви треба принципот на Гуру, исто како и вашата сенка, тој е со вас цело време. Секогаш. Затоа, никогаш не го потценувајте принципот на Гуру. Никогаш не чувствувајте дека сте оттуѓени. Тој е со вас 100%, 24 часа, 365 дена. Цело време. Само имај верба.
Со цел да го прифатиме и акцентираме принципот на Гуру, се што ни треба е состојба без его и предавање. Без осудување – само отворен ум. Тоа е доволно. Принципот на Гуру ќе тече низ нас и ќе не води, измивајќи ги сите наши ментални конфузии. Во моментот кога чувствуваме дека знаеме многу, или уште полошо, знаеме се, принципот на Гуру не може да ни донесе ништо. Така, детското чудо во нас ќе ни направи чуда, бидејќи вечниот принцип на Гуру ќе не однесе до највисокото можно, во еден живот. Принципот на Гуру се заснова на безусловна љубов, никакви очекувања и целосна добронамерност.
Врховниот Гуру е вечниот Отец. Поаѓајќи од Него, има многу усти кои ги пренесуваат вечните принципи на постоење или законите на универзумот. Принципот на Гуру започнал кога животот започнал и вечно ќе тече. Исто како што различни учители не воделе во различни одделенија, помагајќи ни да постигнеме повисоки нивоа, принципот на Гуру функционира преку различни суштества за да ни помогне да се искачиме чекор до повисока свест. Оперира преку секое битие, секоја уста и сите зборови што ни се важни, одвереме-навреме.
Гуруто е минлив и се менува од одделение до одделение или од време на време. Принципот не се менува. Тој е насекаде и може да се доживее во сонцето, месечината, воздухот, водата и секое суштество околу нас. Како и да е, на копнената комуникација и треба опипливост, тело. Така, принципот на Гуру може да дојде и во човечка форма, така што луѓето можат да се идентификуваат и разберат. Човечкиот облик е даден само затоа што ни треба некој со кого можеме да се поврземе, со кого да разговара.
Гуруто ни го покажува патот кон себеси, поврзувајќи се со нашата сопствена душа која е единствениот аспект во нас кој е постојан. Откако ќе се поврземе со сопствената душа, ние сме поврзани со целиот свет, целиот универзум. Секое суштество функционира од ниво на душата. Козметичките разлики во телото, умот, интелектот, егото, видот и слично, прават да се чувствуваме одвоени едни од други. Ова е погрешна идентификација. Откако ќе се поврземе со Гуруто, го гледаме душевниот елемент во секое битие. Тогаш, не можеме да најдеме разлики бидејќи се е во нас.
Нема разлика помеѓу растение, цвет, животно, човек, ѕвезди, сонце или месечина. Сите тие се продолжување на нашиот состав, нашата свест, единството, вистината која се нарекува Гуру, принципот кој е проширен насекаде. Ова станува наша проширена идентификација. Во тој режим, никогаш не можете да се оттуѓите. Ќе бидете едно со целиот космос и убаво ќе се споите во целата работа.
Вистинските Гуруа се само патокази. Гуруата се совршено безусловни. Тие никогаш не го врзуваат трагачот за себе. Тие никогаш не се мешаат во вашето искуство или во вашето патување. Никогаш не критикуваат, судат или цензурираат. Тие се објективни и вистинити. Гуруата никогаш не ги покажуваат своите моќи за да привлечат и контролираат. Гуруата никогаш не бараат ништо ниту од еден трагач. Тие секогаш ги имаат сите моќи за да имаат се што сакаат, но ништо не им треба. Тие секогаш покажувале исклучително внатрешно богатство. Гуруата водат слободна егзистенција и тие исто така го водат трагачот кон ослободување.
Свеста да се биде поврзан со Гуру, носи повисока свесност, безусловна љубов и мир. Ова води кон тоа да бидете секогаш задоволни со она што го имате, да ја прифаќате реалноста со целосна благодарност, а сепак секогаш да бидете подготвени да му служите на светот. Поврзаноста може да доведе и до апсолутна објективност и сочувство врз основа на апсолутната објективност. Поврзувањето со Гуру ви дава заштита, издигнување и на крајот целосно ослободување. ВЕРАТА е Клучот.

Добредојдовте на патот без пат. Патот на едноставноста. Патот на некомформизам. Патот на растопување. Патот на чистота и недостаток на очекување. Патот на чистота и недостаток на очекување. Добредојдени сте да патувате со мене.

Златната традиција на ослободување

Златната традиција постои за да ја шири пораката за вистинска љубов, надвор од сите граници и да ја зачува врвната дарма (праведност) на постоењето. Како отворена река, сето тоа го опфаќа. Нејзиното царство е целиот универзум. „Ако макар и еден човек бара ослободување, Традицијата ќе обезбеди водич.“ Ова е ветување на традицијата каде што единствена цел е ослободувањето, а слободата е начин на живот. Слободата од умот е вистинска слобода. Кога ученикот е подготвен, се појавува наставникот. Наставникот не може ништо да испорача на ученик кој не е зрел и подготвен за знаење. Целиот универзум се здружува во создавање на вистински духовни Учители. Целиот универзум е нивната оперативна рамнина. Нема ѕидови или граници. Големите Учители кои постојат во различни рамнини на универзумот работат во еден ритам и цел. Сите тие се едно. Постојат повеќе форми бидејќи тие се потребни за изразување. Но надвор од сите форми е еден ентитет. Еден креатор. Една креација. Една цел.
Од Исус, Зороастер, Буда, Деви, Саи Баба, Мохамед, Шива, Маитреја до Гуру Нанак, сите духовни Учители на Традицијата биле една свест и ја имале истата мисија – да ги одведат трагачите до целосна свесност и ослободување од циклусот на раѓање и смрт на Земјата. Тие доаѓале постојано и повторно за да ни го покажат нашиот реален потенцијал, фрлале бисери на мудрост на секоја генерација и секогаш ни велеле да гледаме во себе. Различен и неповторлив, секој Учител покажа различен аспект на животот и живеењето. Додека Учителите покажувале длабока мудрост, нивните различни и уникатни карактери и карактеристики ги натерале луѓето да се запрашаат дали тие навистина биле дел од истата Традиција воопшто. Некои се фокусирале на јога, некои на само набљудување на тишината, некои на посветеност, некои на знаење, некои на верба и трпеливост, додека некои на чистота, ненасилство и верба на сите нивоа.
Во привидната различност, постои исклучително единство и намерност. Сите Учители работат како еден ентитет и еден здив, иако нивните методи се различни. Исклучително единство, но различни изрази. Некои светци од Традицијата избрале да се изгорат себеси како свеќи за да му дадат светлина и чистота на хаотичниот свет. Тие тивко исраќаат смирувачка енергија до целиот свет. Тие се интензивни. Ова е нивната мисија. Тие живеат само за светот, а не за себе.
Нивната молитва гласи „Нека се спаси и воздигне целиот свет заедно со неговите различни суштества, освен нас.“ Тие го жртвуваат својот живот за светот, ненамерно, не очекувајќи ништо за возврат; дури ни благодарност. Некои светци на Традицијата избираат да бидат меѓу луѓето, на пазарот, како ти и јас, за да ја покажат дармата (праведноста) на постоењето.
Учителот ќе патува низ седум светови и седум океани за да пронајде и спаси чиста душа. Подобноста е единствен критериум. Подобноста се постигнува преку Чистота. Чистотата се постигнува преку убедување, посветеност и доследност. На подобноста и потребно предавање. Предавањето треба да биде со свесност. Свесноста води кон Слобода. Слободата води кон Ослободување.
Јас сум Традицијата. Јас немам друго постоење. Ништо не постои освен Традицијата. Ако имам форма, тоа е само проекција на Традицијата, или знак дека Традицијата постои. Сите сили и сите манифестации почиваат во Традицијата, а јас не. Традицијата е секогаш извршител, а не формата што Традицијата ја користи за да се изрази. Традицијата е сведок. Ниту еден Учител на Традицијата никогаш не бил извршител во ниту еден момент од времето. Формата не може да направи ништо сама по себе. Традицијата е таа која работи преку различни форми за да додаде повеќекратна реалност на постоењето со цел да му ја покаже светлината на ослободување на светот.
Се предавам пред стопалата на оваа величествена Традиција на сите големи Учители, големи Водичи, несебични ентитети, кои чекореле пред нас, не воделе и сеуште не водат, со длабока благодарност и предавање. Традицијата нема почеток ниту крај. Тече вечно. Нема простор за сопственост или его. Сите се дел од големиот дизајн. Сите се интегрални. Сите се значајни. Сите се исто така безначајни. Сите постојат и не постојат. Големата Традиција тече вечно. Ова е каде што ние припаѓаме, ова е нашето вистинско семејство. Нема граници. Традицијата нема бариери на пол, каста, боја, вера, земја, култура, обичаи и така натаму. Еден Отец и различни аспекти и изрази на тој еден Отец. Игнорирањето не оттуѓува, додека разбирањето и свесноста не здружуваат. Човекот без его е БОГ. Се поклонувам пред сите деца на оваа богата Традиција на врвна безусловност. Се поклонувам на оваа богата традиција изградена и зацементирана со ВЕРА и ВРХОВНА ЉУБОВ.
fa_IRPersian