Водена медитација Шри Џаганата

Кришна, во неговата најмилосрдна форма е Шри Џаганата. Моханџи ја посвети оваа медитација на Шри Џаганата за сите посветеници на Кришна. Ова ќе помогне да се трансформираат посветениците преку моќта на Бхакти јогата: посветеност, непоколеблива вера и љубов кон нивното божество.

Зошто ја практикуваме медитацијата Шри Џаганата?

Според зборовите на Моханџи, „Во Кали Југа, најлесниот начин да се споиме со врвната свесност е преку бхакти (посветеност), внесување на чистота и продлабочување на врската со Бога.
Во оваа медитација, го покануваме Багаван Шри Џаганата во центарот на нашето срце, вузуелизирајќи го како Светилиште на Шри Мандир (Џаганата храмот во Пури, Одиша, Индија).
Се вели дека центарот на нашето срце е седиште на свесноста. На таа локација, најсветата локација, кога со љубов го повикуваме Шри Џаганата, таа станува прана пратишта (осветување) и тој станува наше лично божество.
Присуството на Шри Џаганата во нашиот внатрешен простор не исполнува со неизмерна радост и задоволство и чувство да се биде едно со него. Ова спојување ни овозможува да го почувствуваме Шри Џаганата во секој со чиста безусловна љубов и добронамерни мисли, зборови и дела.
Секој пат кога се практикува оваа медитација, се случува длабоко внатрешно исцелување, хармонија и подмладување. Го наоѓате новото „ЈАС“ – вистински одраз на Шри Џаганата со вибрации на благодарност, љубов и сочувство.

Секој пат кога се практикува оваа медитација, се случува длабоко внатрешно исцелување, хармонија и подмладување. Го наоѓате новото „JАС“ – вистински одраз на Шри Џаганата со вибрации на благодарност, љубов и сочувство.

Станувате едно со Кришна; Вие станувате Кришна.

Други медитации

Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
Блаженство на тишината е 40-минутна водена медитација која е идеална за секој духовен аспирант, од зафатен деловен човек па се до тинејџер. Таа прво ни помага да се опуштиме на ниво на физичкото тело, а потоа бавно потонуваме во тишина.
ru_RURussian