Што е Маи-Три метод?

Израмни го и исцели гто твоето тело, ум и дух
Маи-Три методот е темелен метод за длабинско чистење и хармонизација во кој се отстрануваат длабоко -вкоренетите потсвесни блокади, дури и од најсуптилниот слој на нашето постоење – каузалното тело – каде што се чува семето на кармичките впечатоци. Додека чистењето допира длабоко во енергетските записи, важно е да се забележи дека Маи-Три методот не се вмешува во судбинскиот аспект на кармата (бидејќи тоа е она што е избрано на ниво на душата, било да е пријатно или непријатно за нашиот ум).

Маи-Три методот, за практичарот, е медитација со цел. Преку екстремна концентрација (Дхарана) за време на процесот, практичарот ја достигнува медитативната состојба (Дијана), каде што не постои практичарот како таков и тој/таа работи само како чист канал за носење на енергијата што тече низ свесноста на Моханџи од самиот Извор.

Ова овозможува да се случи исцелување, во зависност од дозволувањата на кармата и чуствителноста и слободната волја на клиентот. Оттука, Маи-Три методот е медитација со цел и е садана (духовна вежба) за практичарот.

Значење на зборот Маи-Три

Вистинското значење на зборот “Маи-Три“ е пријателство, дружење, соработка или едноставно заедништво.
„Маи“ значи мајка. Зборот мајка претставува безусловна љубов, заштита, грижа, доследност на емоциите, континуитет, живот, создавање итн. Мајка исто така претставува левитација, како во утробата. Утробата го претставува создавањето, но и исцелувањето. Детето наоѓа утреха, удобност, слобода и мир во друштво на својата мајка, од сите видови. Секое дете копнее по својата мајка. Потполното присуство на мајката само по себе е лековито за детето. Мајчинството има спонтано, лековито влијание врз детето. Ова исцелување е смирувачко и љубезно, бидејќи мајчината енергија ги ослободува блокадите и дозволува исцелувањето да се случи.
„Три“ претставува тројство. Трите аспекти на создавањето се РАЃАЊЕ, ЖИВОТ и СМРТ. Тројството исто така ги претставува триете сили – Моќта на волјата, Моќта на знаењето (или моќ на свесноста) и Моќта на дејствување (или создавање). Оттука, зборот три ги претставува сите аспекти на постоењето. Кога чистиот и вечен извор на енергија ќе се спои со силата на моќчта на создавање, се случува ЖИВОТ. Оттука, машкиот и женскиот аспект на секое постоење се обединети во создавање и исцелување.

Моханџи за само-исцелувањето

Исцелувањето е дел од создавањето. Исцелувањето, ревитализацијата и подмладувањето се аспекти длабоко поврзани со самата структура на земјеното постоење. Исцелувањето се случува автоматски, се додека умот не го спречи тоа. Спонтаното исцелување се случува кога ќе дозволиме на природата да функционира без прекин. Исцелителите се само намерници. Тие имаат намера да дојде до исцелување. Приемникот дозволува тоа да се случи.

Сите ние сме природни исцелители; секој маж, жена и дете природно поседуваат капацитет самите да се исцелат. Сите птици, животни и влекачи сами се исцелуваат. Исцелувањето е дел од нашето постоење.

Придобивки

Овој метод води до само-исцелување и враќање на внатрешната рамнотежа на сите нивоа. Секоја Маи-Три сесија има три дела, секој со посебна придобивка:
Чистење на болните впечатоци и сеќавања и нивните ефекти насобрани во сегашниот живот, почнувајќи од раното детство;
Чистење на впечатоците од минатото од подсвеста;
Чистење на централниот меридијан со цел да се отстранат блокадите и да се подобри протокот на енергија низ него;
Како што се ослободуваат овие длабоки обрасци, доаѓќа до јасност на ниво на умот. Така, примателот е овозмоќен да стане свесен за клучните впечатоци што предизвикуваат нерамнотежа и да разбере кои нездрави навики, модели на однесувања и мисли треба да се променат. По вежбата, кога ќе падне многу тежина од длабоко внатре, се влегува во режим на усогласување и само-исцелување на ниво на тело, ум и дух.
Освен поединечни Маи-Три сесии, постои и групна верзија на Маи-Три методот, спороведена само од постари избрани практичари на Маи-Три. Групните сесии имаат различна динамика и методологија. Тие можат да се прават лично или онлајн, со повикување на суптилното присуство на Моханџи за заштита и ефективност. Нема примена на од рака до чшакра, само енергетска работа врз основа на вербално водство. Групната енергија за време на овие сесии е многу силна, а процесите на чистење се длабоки.
Индивидуалните сесии траат 30 минути. Во целина, средбата трае до еден час, вклучувајќи објаснувања и споделување на искуства, додека групните сесии можат да траат од 60 до 90 минути.

Често поставувани прашања

Кој може да го извршува Маи-Три методот?
Маи-Три методот се извршува од иницирани практичари кои се поврзуваат со свесноста на Моханџи, предавајќи ја енергијата преку нивните дланки до чакрите (енергетските центри) на примателот од предната и задната страна на телото.
Кој може да го искуси Маи-Три методот?
Маи-Три методот може да го искусат поединци од сите возрасни групи – од мали деца (над 5 години) па се до постари особи. Во било која здравствена состојба. За трудници и деца, Маи-Три методот е поблаг и се прави првенствено за зсдравствени цели, подмладување и заштита.

Плаќање/Размена на енергија

Почитувањето на размена на енергијата е важен аспект на Маи-Три методот. Половина од износот што го добиваат Маи-Три практичарите се доделува за хранење на луѓе и други ранливи суштества на кои им е потребно. Заситување на гладта на друго суштество преку несебична услуга ја зголемува длабочината на ефектот на чистење и балансирање на Маи-Три методот. Разменетиот износ треба директно да се потврди од избраниот Маи-Три практичар.

Сведоштва

Како да резервирате Маи-Три сесија

Доколку сакате да резервирате Маи-Три сесија или имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не
ru_RURussian