Што е Маи-Три метод?
Маи-Три методот, за практичарот, е медитација со цел. Преку екстремна концентрација (Дхарана) за време на процесот, практичарот ја достигнува медитативната состојба (Дијана), каде што не постои практичарот како таков и тој/таа работи само како чист канал за носење на енергијата што тече низ свесноста на Моханџи од самиот Извор.
Ова овозможува да се случи исцелување, во зависност од дозволувањата на кармата и чуствителноста и слободната волја на клиентот. Оттука, Маи-Три методот е медитација со цел и е садана (духовна вежба) за практичарот.
Значење на зборот Маи-Три

Моханџи за само-исцелувањето

Исцелувањето е дел од создавањето. Исцелувањето, ревитализацијата и подмладувањето се аспекти длабоко поврзани со самата структура на земјеното постоење. Исцелувањето се случува автоматски, се додека умот не го спречи тоа. Спонтаното исцелување се случува кога ќе дозволиме на природата да функционира без прекин. Исцелителите се само намерници. Тие имаат намера да дојде до исцелување. Приемникот дозволува тоа да се случи.
Сите ние сме природни исцелители; секој маж, жена и дете природно поседуваат капацитет самите да се исцелат. Сите птици, животни и влекачи сами се исцелуваат. Исцелувањето е дел од нашето постоење.

Придобивки
Често поставувани прашања
Маи-Три методот се извршува од иницирани практичари кои се поврзуваат со свесноста на Моханџи, предавајќи ја енергијата преку нивните дланки до чакрите (енергетските центри) на примателот од предната и задната страна на телото.
Маи-Три методот може да го искусат поединци од сите возрасни групи – од мали деца (над 5 години) па се до постари особи. Во било која здравствена состојба. За трудници и деца, Маи-Три методот е поблаг и се прави првенствено за зсдравствени цели, подмладување и заштита.