Награди и признанија

Највлијателен веган (2021)

На Моханџи му беше доделена титулата, Највлијателен Веган на Наградите за Веганска Храна 2021 година, организирани од ПЕТА Индија, непрофитна организација која работи за благосостојбата и правата на животните.

Авадута Надананда му ја доделува титулата „Брахмариши“

На поволниот дена на Виџајадашами (октмври 2016 година), во Курнол се одржа детална церемонија по повод доделување на титулата „Брахмариши“ на Моханџи од Авадута Надананда (Гуруџи). Функцијата беше испланирана и изведена од Гуруџи со извонредна прецизност. Врв на функцијата беше доделувањето на титулата „Брахмариши“ на Моханџи. Како што објасни Гуруџи, тој го преземаше овој чекор по директно водство од Гуру Мандалата.

Светска награда за мир Шивананда (ноември 2018)

На Моханџи му беше доделена „Светска награда за мир Шивананда“ од принцот Ишвар, претседател на Фондацијата за светски мир Шивананда како признание за неговата непрестајна работа и постојана посветеност на издигнување на грижата на сите видови кои живеат на Земјата, и за неговата безгранична енергија, поттик и придонеси за поттикнување на единство и мирни општества во сите земји и во сите култури и вери.

Зулу мировен воин стап (ноември 2018)

За време на неговата посета на Јужна Африка во 2018 година, Моханџи беше награден со „Зулу мировен воин стап“ од неговото висичество кралот Гудвил Цвелитини – потомок на кралот Шака Зулу. Стапот е симболична претстава на „сила и моќ“. Воинствените стапови се според древниот обичај на Зулу, претставени на витезите на кралството Зулу – доверени да го оддржуваат мирот во земјата.

Почесно доживотно членство во клубот за мотоцикли на Источниот брег (ноември 2018)

Клубот за мотоциклисти на Источниот брег му додели почесно доживотно членство на Моханџи. Ова беше доделено за неговиот вреден придонес за хуманоста и неуморната работа во ширењето на мирот и позитивноста низ планетата.

Печат на општинскиот округ Хуарокондо (април 2018)

На Моханџи му беше доделен печат на општинскиот округ Хуарокондо во Перу, за неговите несебични и доследни хуманитарни мисии низ светот.
mk_MKMacedonian