Моханџи трансфер на енергија

Моханџи создаде еден метод, Моханџи трансфер на енергија (МТЕ), за квалификуваните следбеници да ја канализираат неговата енергија и ефикасно да ја пренесат на примачот. МТЕ му помага на примачот да постигне усогласување на телото, умот, интелектот, егото и духот. Кога сме поусогласени, спонтано стануваме поприемчиви. МТЕ додава подлабока димензија на медитациите на Моханџи. За повеќе информации за МТЕ, ве молиме контактирајте не на sadhana@mohanji.org.
Моханџи трансферот на енергија (МТЕ) е свет подарок на Дата Традицијата за сите вистински духовни трагачи. Тој додава подлабока димензија на медитациите на Моханџи и неговите моќни ефекти ги доживуваат илјадници луѓе ширум светот. Каналите на Моханџи ја црпат духовната енергија преку свеста на Моханџи и доставуваат МТЕ преку нивните раце до челото и корона чакрите на примателите, според упатствата што се споделуваат со нив кога тие ќе станат Канал.
Намерата на Моханџи е МТЕ да пренесува духовна енергија слично како кога тој дава Шактипат. МТЕ се доживува како најљубезна, најтопла енергија која му помага на примателот да постигне усогласување на телото, умот, интелектот, егото и духот. Кога сме поуслогласени, спонтано стануваме поприемчиви, што помага за поголема свесност.
Додека МТЕ првенствено се дава за време на водените медитации на Моханџи, тоа може да се направи и во одредени други ситуации се додека просторот е осветен и се исполнети одредени други услови. Пример може да биде после Свесно одење, на пример, ако тоа е погодна средина.
Се дава само од личност на личност и од поединци кои формално се назначени како Моханџи канал од Садана тимот, или биле петходно одредени од Моханџи да го работат тоа. Ако не сте сигурни дали има Моханџи канал во вашата област и би сакале да дознаете, или ако едноставно саката повеќе информации за Моханџи трансфер на енергија, пишете му на Садана тимот на  sadhana@mohanji.org.
Доколку се чувствувате силно поврзани со Моханџи и би сакале да им служите на луѓето во вашата заедница со тоа што ќе станете Моханџи канал, ве молиме пишете на  sadhana@mohanji.org.  Постојат одредени обврски во животниот стил кои се бараат од Каналите кои ќе бидат целосно откриени од Тимот откако ќе им пишете.

Сведоштва

mk_MKMacedonian