Моќта на чистотата – Отворете го своето срце

Развијте безусловна љубов додека се запознавате со бесконечната природа на вашата свест
Медитацијата „Моќта на чистотата“ е водена медитација за благодарност за која е најпрепознатлив Моханџи – најпрвата медитација што ја добил од повисоките сфери на свесноста и ја споделил со човештвото во 2007 година. Таа има моќен ефект на чистење и отворање на срцето.

Зошто ја практикуваме медитацијата Моќта на чистотата?

Таа започнува со процесот на благословување на другите, додека не стигнеме до точка на вистинска внатрешна алхемија преку искрена благодарност и чиста љубов.
Многу повеќе од обична релаксирачка медитација, оваа медитација е операција за чистење на нашиот внатрешен простор каде што се откажуваме од минатото преку простување и благодарност.
Секој пат кога се практикува оваа медитација се случува длабоко внатрешно исцелување и чистење. Исто така таа е одлична за заздравување на врските и префрлувањето во вибрации на благодарност.

Прво треба да се прифатиме себеси такви какви што сме. Второ е не-отпорот, „Јас сум добар каков што сум“. Трето е прифаќање на околината таква каква што е. Околината исто така значи и врските. Ако овие три нешта се во хармонија, вашите блокади стануваат поретки или исчезнуваат. Едноставен лек.

Придобивки

Отпуштање
Научите да се ослободите од непотребните емоции, гневот, тагата
Живеј во моментот
Вкоренети во сегашноста, лишени од минатите или идни грижи
Безусловна љубов
Способност да се прима и да се дава љубов целосно и безусловно
Мир и спокојство
Развијте длабоко чувство на смиреност, благодарност и мир
Самоприфаќање
Споделете радост преку самоприфаќање на себеси и на другите
Надминување на пречките
Отстранете ги полесно и побрзо емоционалните пречки и нештата што ви тежат

Често поставувани прашања

Што значи „Да се визуализираш себеси во 360 степени сдо ‘рбетниот столб како централна точка“?
Ние обично функционираме во 120 степени, фокусирајќи се само на она што е пред нас. Значи 240 степени недостасуваат во нашиот секојдневен живот. Функционирањето во 360 степени (да се биде центриран во ‘рбетот) е она што дава комплетност. Кога ќе почнете да функционирате во 360 степени, можете да го достигнете било кое ниво на постоење.

Други медитации

Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира во пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
Блаженство на тишината е 40-минутна водена медитација која е идеална за секој духовен аспирант, од зафатен деловен човек па се до тинејџер. Таа прво ни помага да се опуштиме на ниво на физичкото тело, а потоа бавно потонуваме во тишина.
Цутење на љубовта – ова е 30-минутна водена медитација која ни помага да развиеме безусловна љубов која кулминира со чувство дека го содржиме целиот универзум во нас.
mk_MKMacedonian