Медитација Слобода: за деца

Процутете во енергична, млада, возрасна личност
Медитацијата Слобода е 10-минутна водена медитација која обезбедува терапевтска утеха за децата, вклучувајќи ги и оние кои се борат да се справат со анксиозност, аутизам, ADD, ADHD, OCD и така натаму.

Зошто ја практикуваме медитацијата Слобода?

Оваа водена медитација на практикување свесност им дава моќ на децата да процветаат во живи, млади возрасни луѓе кои зрачат со вера и самодоверба.
Вежбата започнува со користење на здивот за поврзување на Мајката Земја со небото, што го доведува детето во состојба да се чувствува лесно и слободно.
Оваа состојба овозможува огромно чувство на слобода и целосна релаксација. Тие повеќе не се чувствуваат заробени во нивните стравови и се издигнуваат високо, чувствувајќи се сигурно и самоуверено.
Детето се чувствува моќно со знаење дека е безбедно и сигурно. Со секојдневно вежбање, детето учи да управува со стравовите и да гради верба и самодоверба за лесно да се справи со секоја ситуација.
оа е исто така прекрасно искуство на медитација за зафатени возрасни кои сакаат да имаат кратко искуство со медитација и чувство на слобода.

Blossom into a vibrant young adult .

Придобивки

Брзо опуштање (релаксакција)
Состојбата на слобода и леснотија што се чувствува во медитацијата, помага брзо да се опуштите
Доверба и вера
Овозможува и го забрзува развојот на верата и довербата во самиот себе и во другите
Самодоверба
Зголемување на самодовербата и подобрување на перформансите
Ослободени од емоционална болка
Ослободете се од трауми, стравови и емоционална болка

Забелешка за благодарност

Моханџи Фондацијата сака да им се заблагодари на Бенџи Вертхајмер и Дејвид Мајкл за нивната љубезна дозвола да ја користиме музиката од нивниот албум во рамките на музиката во позадина на оваа медитација.
Цутење на љубовта – ова е 30-минутна водена медитација која ни помага да развиеме безусловна љубов која кулминира со чувство дека го содржиме целиот универзум во нас.
Кришна, во неговата најмилосрдна форма е Шри Џаганата. Моханџи ја посвети оваа медитација на Шри Џаганата за сите посветеници на Кришна.
Медитацијата 360 степени е моќна, водена чакра медитација од Моханџи чија цел е да ја премести свесноста во 360 степени што резултира со пристап до повисоки димензии и внатрешна стабилност.
mk_MKMacedonian