Цутење на љубовта – водена медитација

Развијте безусловна љубов додека се запознавате со бесконечната природа на вашата свесност
Цутење на љубовта – ова е 30-минутна водена медитација која ни помага да развиеме безусловна љубов која кулминира со чувство дека го содржиме целиот универзум во нас. Таа не учи да ја прифатиме и да се запознаеме со нашата бесконечна свест, како и да ја разбереме нашата врска со Универзумот.
Се доживуваме себеси како извор на безусловна љубов, опсипувајќи ја секоја активност на Универзумот со љубов и мир додека сведочиме за тоа во нас.

Зошто ја практикуваме медитацијата Цутење на љубовта

Додека ја доживуваме светлината на љубовта, учиме да бидеме таа светлина и безусловно да сакаме и да ја споделуваме со светот цело време.
Учиме да останеме среќни и мирни и така го оддржуваме секое суштество околуи нас среќно и мирно.
Оваа медитација создава блажено искуство за возрасните, како и за децата што сакаат да го започнат нивното духовно патување.

Развијте безусловна љубов додека се запознавате со бесконечната природа на вашата свест.

Придобивки

Чувство на леснотија
Доживејте чувство на леснотија додека истражувате подлабоко во внатрешната тишина
Длабока благодарност
Изразете ја Вашата најдлабока благодарност за Вашето постоење
Безусловна љубов
Почувствувајте ја безусловната љубов и радост што се прелеваат од центарот на Вашето срце
Врска со Универзумот
Почувствувајте ја Вашата поврзаност со нераскинливата врска со Универзумот

Други медитации

Блаженство на тишината е 40-минутна водена медитација која е идеална за секој духовен аспирант, од зафатен деловен човек па се до тинејџер. Таа прво ни помага да се опуштиме на ниво на физичкото тело, а потоа бавно потонуваме во тишина.
Медитацијата на слобода е 10-минутна водена медитација која обезбедува терапевтска утеха за децата, вклучувајќи ги и оние кои се борат да се справат со анкциозност, аутизам, ADD, ADHD, OCD и така натаму.
Кришна, во неговата најмилосрдна форма е Шри Џаганата. Моханџи ја посвети оваа медитација на Шри Џаганата за сите приврзаници на Кришна
mk_MKMacedonian